Неоадмна реновираниот манастирски комплекс Св. Стефан во истоимената охридска населба, покрај верниците се повеќе ги привлекува и туристите.


Во рамки на комплексот изградени се неколку нови конаци – апартмани со поглед Охридското Езеро, од кој запира здивот. Домаќинката која ја сретнавме во манастирот ни кажа дека интересот на престој во апартманите покрај пештерската црква посветена на Св. Стефан е исклучително голем.


Апартманите се модерно опремени и удобни, се средува околината, а се прави и паркинг за возила, што ќе овозможи подобри услови за престој во манастирот.


Манастирот е изграден покрај мала пештерна црква посветена на првиот христијански маченик-Архиѓаконот Стефан, која се наоѓа на околу 5 километри од Охрид.     


Божјото око, редок симбол по кој е порепознатлива пештерската црква посветена на Св. Стефан

Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX век и  единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци. Во поново време реконструиран е надворешниот дел на манастирот, изградена е  нова камбанарија на местото на старата, како и нови преубави конаци.

Г. Момироски