Манчестер јунајтед се пласираше во финалето на англискиот Лига куп за прв пат по шест сезони. Синоќа Јунајтед и во реваншот го победи (2:0) Нотингем форест и со вкупни 5:0 оди во финалето.

Избраниците на Ерик тен Хег ќе се сретнат со Њукасл во решавачкиот меч. Мечот е закажан за 26 февруари.

Последен пат Манчестер јунајтед се пласираше во финалето на Лига купот во сезоната 2016/17, прва под водство на Жозе Мурињо. Тогаш „црвените ѓаволи“ го освоија трофејот победувајќи го Саутемптон (3:2).

OhridNews