
Данскиот претставник во ЛШ Алборг на домашен терен ќе ги пречека “детелините“ од Глазгов.
Табела:Манчестер 8 бодови, Виљареал 8, Селтик 2, Алборг 2
Четирикратниот освојувач на Лигата на шампиони Баерн Минхен во петото коло ќе има „лесна“ задача против Стеауа, “баварците“ со победа на овој дуел ќе обезбедат пласман во 1/8 финалето. Неизвесно ќе е на „Артемио Франки“ каде “виолетовите“мораат да бркаат победа против екипата на Лион за да останат во игра за местата кои водат во понатамошната фаза.
Табела:Лион 8 бодови, Баерн М. 8, Фиорентина 3, Стеауа 1

Турскиот шампион Фенербахче на домашен терен го пречекува Порто .
Табела:Арсенал 8 бодови, Порто 6, Динамо К. 5, Фенербахче 2
“Кралевите“ од Мадрид ги очекува тешко гостување кај секогаш незгодниот Бате Борисов, кој успеа да не е поразен во дуелите со старата дама и Зенит.
Актуелниот освујувач на Купот на Уефа, Зенит, неколку часа порано ќе ги одмери силите со италијанскиот Јувентус кој обезбеди пласман во 1/8 финалето.
Табела:Јувентус 10 бодови, Реал Мадрид 6, Зенит 4, БАТЕ 2












