Манчестер јунајтед е во потрага по нов постојан тренер. Според „Manchester Evening News“, раководството на тимот од „Олд Трафорд“ може да назначи нов менаџер пред крајот на оваа сезона.

Од клубот веруваат дека што побрзо се одлучат за нов тренер, толку подобро.

Главни претенденти за оваа функција остануваат главниот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино и Ерик тен Хаг, кој работи во Ајакс.

Актуелен менаџер на Јунајтед е Ралф Рангник, кој по завршувањето на сезоната ќе се пресели на консултантска позиција во клубот.

OhridNews