Манчестер сити постави рекорд меѓу англиските клубови во фудбалската Лига на шампионите.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите „граѓаните“ на домашен терен го победија Баерн со 3:0. По овој натпревар, серијата без пораз на Манчестер сити на домашен терен на овој турнир достигна 25 натпревари од кои 23 се победи, а два нерешени исхода.

Ова е рекордна бројка за англиските клубови. Вкупната гол-разлика на овие натпревари е 81:19 во корист на Манчестер сити.

Реваншот помеѓу Баерн и Манчестер сити ќе се игра во Минхен на 19 април.

OhridNews