Манчестер сити и мадридски Реал очекувано вечерва обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Актуелниот европски првак Манчестер сити и на реваншот на „Етихад“ го совлада Копенхаген со идентични 3-1 како и на првиот натпревар и со вкупен резултат 6-2 го елиминираше данскиот претставник.

Реал на дуелот во Мадрид одигра нерешено 1-1 со Лајпциг и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи, откако на првиот натпревар во Германија триумфираше со 1-0.

Пласман во четвртфиналето во вторникот обезбедија ПСЖ и Баерн Минхен.

Нокаут фазата во елитното европско клупско фудбалско натпреварување продолжува идната недела со реванш осминафиналните пресметки Арсенал – Порто (0-1), Борусија Дортмунд – ПСВ (1-1), Барселона – Наполи (1-1) и Атлетико Мадрид – Интер (0-1).

OhridNews

Фото: МИА/Икс