Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед никако не може да се исправи и застане на здрави нозе после заминување на легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон. „Црвените ѓаволи“, одамна не се конкуретни за титулата, но нема ниту надеж во блиска иднина да се консолидира клубот од Олд Трафорд, кој жареше и палеше во Англија и Европа.

Лошите резултати се одразија на имиџот и во бизнис полето каде Манчестер Јунајтед го имаше главниот збор повеќе од една деценија. Главниот спонзор на „црвените ѓаволи“, компанијата за автомобили „Шевролет“ се двоуми дали го продолжи договорот со англискиот клуб.

Екипата од Олд Трафорд има најбогат спонзорски договор со Шевролет вреден 60 милиони евра по сезона. Но, тој е доведен под сериозен знак прашалник после неколкугодишната криза на сите полиња. Ако американската компанија се одлучи да го раскине договорот тоа ќе биде голем удар за Манчестер Јунајтед.

Како што пренесуваат англиските медиуми, во следниве десеттина денови „Шевролет“ треба да се изјасни за идната соработка со премиерлигашот. Манчестер Јунајтед никогаш не бил во ваква криза а вреди да се напомене дека после репрезентативната пауза го очекува дерби средбата со Ливерпул на Олд Трафорд.

OhridNews