Манчестер јунајтед ја одби понудата на Севилја да го ангажира напаѓачот Антони Марсијал до крајот на сезоната, објави „Скај спортс“.

Манчестер јунајтед се согласи да го ослободи 26-годишниот Французин само доколку клубот кој го изнајмува играчот ја преземе целосната одговорност за исплатата на платата на играчот.
Во сезоната 2021/22, Марсијал учествуваше на 10 натпревари на Манчестер јунајтед и постигна еден гол.
OhridNews










