Италијанскиот стратег на клупата од Манчестер Сити, Роберто Манчини по драматичниот пораз од Манчестер Јунајтед во градското дерби вината ја најде во сопствените редови.

Прв на удар бил голманот на “граѓаните“ Џо Харт, кој неспретно реагираше по слободниот удар на Робин ван Перси во 91-та минута. Шок терапијата Манчини ја продолжил врз Балотели а завршил со Самир Насри кој беше главен виновник за третиот погодок на Јунајтед.

“Црвените ѓаволи“ со победата над Етихад им ја прекинаа фантастичната низа на своите соседи од 37 натпревари без пораз пред своите гледачи.

Мх.П.