Италијанскиот стратег на клупата на Манчестер Сити, Роберто Манчини и покрај победата во дербито, смета дека Јунајтед е фаворит за освојување на титулата.

Победата во дербито, не менува ништо. Имаме уште два меча до крајот на сезоната и мора да се фокусираме на нив. Јунајтед има два лесни меча за игра. Не сме се уште фаворите за освојување на лигата.  – рече Роберто Манчини.

Сити во наредното коло гостува во Њукасл, додека во последниот меч на домашен терен го пречкуваат КПР.  – Размислуваме од меч во меч – истакна Манчини.

М.П.