Роберто Манчини ќе добие отказ. Поразот во последната минута од Виган во финалето од ФА купот скапо ќе го чини италијанецот кому според англиските медиуми изброени му се деновите.

Манчини лани го одведе Сити до првата титула по пауза од 44 години, но се чини дека за сопствениците на мултимилионски тим од Манчестер тоа нема да биде доволно.

Сориано и техничкиот директор Бегуристан ги започнале преговорите со Мануел Пелегрини кој се очекува да биде негова замена.