Италијанскиот стратег Роберто Манчини е нов тренер на турскиот тим Галатасарај. Манчини на жешката клупа доаѓа откако отказ заработи Фатих Терим поради слабите резултати во серија.

По заминувањето од Манчестер Сити, Манчини беше поврзуван со неколку клубови, но тој остана без работа се додека Галатасарај не излезе со интересна понуда.

Италијенцот пред Манчестер Сити го водеше Интер, а со двете екипи ги освојуваше титулите во домашните првенства.

Мх.П.