„Нероазурите“ речиси ги загубија шансите за пласман на местата од табелата кои водат во Лигата на Шампиони, а со последниот пораз од Фиорентина пред своите гледачи се далеку и од позициите кои носат излез во Лигата на Европа.


Стратегот на Интер, Роберто Манчини со неколку измени го почна мечот со Фиорентина, кој го загубија 1-0.

– Лукас Подолски мораше да пружи повеќе, а исто повеќе очекував и од Матео Ковачиќ. Сите знаеме дека овие двајца фудбалери знаат и умеат да одиграат многу подобро од ова и се надевам дека од следниот натпревар ќе прават тоа. – рече Манчини.

Тој жали што побрзо во игра не го уфрли Џердан Шаќири, кој по влегувањето во 66-та минута на местото од Подолски ја раздвижил екипата.

– Жал ми што не го ставив порано во игра бидејќи ни даде друга димензија на играта. Меѓутоа, тој се потроши со Селтик и сметав дека му е потребен одмор. – заклучи италијанскиот стратег.

Ohridnews