Тренерот на Манчестер Сити Роберто Манчини изјави дека жали што напаѓачот Карлос Тевез сака да го промени клубот, но додаде дека ја почитува неговата одлука.


„Карлос е фантастичен фудбалер и добро момче. Ако замине, ќе загубиме важна алка во тимот. Најважно ми е секој фудбалер во Сити да биде среќен. Карлос ми рече дека му недостасува семејството. Жал ми е што сака да си замине, но ја почитувам неговата одлука“, рече Манчини за британски Скај.

Тевез неодамна побара од управата на клубот да му дозволи заминување бидејќи сака да биде поблиску до семејството, поради што најверојатно ќе се врати во Јужна Америка.

Најзаинтересиран за аргентинскиот напаѓач е екипата на Коринтијанс од Сао Паоло, но интерес за Тевез има и од европските клубови Интер и Јувентус. Минатата сезона Тевез постигна 23 гола во 39 натпревари за Манчестер Сити.

Ohridnews
“извор Макфакс“