Милан Мандариќ, би можел да биде спасителот на шкотскиот фудбалски великан, Глазгов Ренџерс, кој пред неколку дена замина во стечај.

Српскиот бизнисмен кој со децении вложува во англискиот фудбал, според медиумите на Островото, е најсериозниот кандидат за превземање на клубот.
На овие информации од Ренџерс одговорија дека, во моментов, имаат неколку сериозни понуди, без да изнесат повеќе детали. Мандариќ е сопственик на Шефилд Венздеј, претходно 73-годишниот бизнисмен бил прв човек на Портсмут и Лестер.
Глазгов Ренџерс, во понеделникот ја поднесе потребната документација за заминување во стечај, надлежниот суд, денес би требало да го именува административниот управник на клубот од „Ајброкс“.
Ренџерси ја очекуваат и судската одлука за неплаќање на данок, сумата која ја должат со камати достигна сума од 49 милиони фунти.

“Макфакс“
Ohridnews