Хрватска ја совлада Р.Ирска со 3-1 и направи голем чекор кон обезебедување пласман во нок аут фазата.

На самиот старт од мечот во третата минута Манџукиќ ги доведе коцкестите во предност. Ирците возвратија по 20 минути игра преку Ледгер . Супервозбудливото полувреме со погодок го заокружи Јелавчиќ на истекот на првиот дел.

Избраниците на Билиќ, веднаш на стартот на вториот дел погодија, ставајќи го мечот надвор од дофат за “детелините“.

Во наредната рунда, Хрватска игра против Италија, додека Ирска пропуштеното ќе се обиде да го надомести против Шпанија.

М.П.