Хрватска со триумф над Република Ирска 3-1 ги започна натпреварите во Група В. Херој на “коцкастите“ беше напаѓачот Марио Манџукиќ постигнувајќи два погодоци. Третиот погодок за Хрватска го постигна вториот шпиц Јелавиќ. Почесниот гол за “детелните“ го постигна Леџер.


 
Дали е ова мојот најдобар меч во мојот живот ?? Прво морам да му се заблогодарам на селекторот кој ми даде шанса да играм. Постигнав два погодоци но затоа се заслужни моите соиграчи. Сеуште неможам да поверувам што направивме ова е фантастична победа – истакна двојниот стрелец Манџукиќ.

  
Хрватска во наредната втора рунда ќе се сретне со Италија која на првиот натпревар ремизираше со Шпанија играјќи 1-1.

Мх.П.