Хрватскиот репрезентативец, Марио Манџукиќ во зимскиот преоден рок ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Пари Сент Жермен.
Напаѓачот, како што пренесува Л`екип е голема желба на тренерот на „светците“, Унаи Емери кој пред почетокот на сезонава го презеде тимот од француската престолнина.
По доаѓањето на Гонзало Игуаин од Наполи во Јувентус за рекорден трансфер во Серија А од 90 милиони евра, Хрватот се помалку добива шанса за настап во „Калчо лигата“ и Лигата на Шампиони.
Ако трансфер најавите се остварат, клубот од Паркот на Принцовите ќе биде вкупно петти по заминување на Манџукиќ од Динамо Загреб во 2010 година.
OhridNews