– Не знам која е интенцијата. Ние не сме да се намалат платите на судиите, а тоа е утврдено и со Законот за плати на судиите согласно кој платата на судиите може да биде намалена во одреден период само доколку е изречена одредена дисциплинска мерка. Токму сега платите на судиите не се намалени, а со оглед на антикризните мерки не се зголемуваат, но не се ни намалуваат како што е тоа случај со платите на избраните и именуваните функционери вклучувајќи ги тука и министрите, пратениците и.т.н. Во Законот за судовите постои одредба дека платите на судиите не можат да бидат намалени со закон и сега ако тоа е интенцијата да бидат намалени платите на судиите суд ќе треба да го видиме образложението, по што ќе одговориме на сето тоа, рече Маневски.
Министерот Маневски во Струга учествува на конференција во рамки на проектот „Злосторничко здружување, поим, дефиниција, карактеристики и примена на посебни истражни мерки“, што ја организира Здружението на јавните обвинители во Република Македонија. На конференцијата на која учествуваат претставници на јавните обвинителства од регионот се разменуваат искуства и се разговара за соработка на институциите во борбата против организираниот криминал.