
Претставувањето на годинешниот добитник на Светската награда на хуманизмот пред јавноста, ќе биде утре на прес-конференцијата што ќе се одржи во зградата на Општината а на која покрај добитникот Мануел де Оливиера ќе присуствуваат и Амбасадорот на УНЕСКО, Јордан Плевнеш, претседател на Охридската Академија на хуманизмот, Градоначалникот Александар Петрески, потпретседател, Пако Кузман, член и Зоран Велјаноски – Летра, директор на Академијата.
Мануел Де Оливиера е вториот по ред добитник на Светската награда на хуманизмот што ја доделува Охридската Академија. Минатата година, добитник на Наградата беше свестки познатиот филозоф, Јапонецот Даисаку Икеда. Нему,наградата му беше врачена минатиот Мај при посетата на делегацијата на Охрид и Академијата на Токио.
ohridnews











