И покрај редовните акции за подигнување кабаст и зелен отпад и апелите и известувањата со кои редовно и транспарентно се информираат граѓаните за начинот како да постапат кога имаат потреба за депонирање кабаст и зелен отпад, службите на ЈП „Охридски Комуналец“ со полни раце работа на повеќе локации во градот и приградските населби.

Овој пат расчистени се 9 локации кои од негрижа кон животната средина некои поединци своеволно ги деградирале и создале диви депонии. Од нив две се во село Велгошти, посочуваат.

Воедно, повторно апелираат доколку граѓаните имаат потреба од депонирање кабаст и зелен отпад да се јават на дежурните телефони 075-397-944 и 075-495-428.

OhridNews