Ј.П. „Охридски Комуналец“ повторно мапираше локации со диви депонии настанати од несоодветно депонирање на градежен шут и други материјали од реновирање на своите објекти.
Интервенирано е во с.Велгошти каде е расчистена дива депонија во близина на основното училиште,а во населба Свети Стефан подигнат е расфрлан градежен материјал во непосредна близина на контејнерите, информираа од Ј.П. „Охридски Комуналец“.
OhridNews













