Охрид има голем потенцијал за развој на спортски туризам, што го потврди и 5-то издание на Меѓународниот таеквондо турнир „Охрид Опен 2025“, но потребно е да се работи на подобрување на спортската инфраструктура во градот, вели во емисијата Спорт + на Охридњуз Марјанчо Лазаревски – Претседател на Македонската традиционална таеквондо федерација. Со него разговараме за успесите на охридските таеквондисти и предизвиците кои ги очекуваат до крајот на годината, но и за спортот и здравите навики како одговор на технолошката зависност на младите во 21 век.
Марјанчо Лазаревски гостин во емисијата Спорт+
Г.М.