Марјан Ристески е поставен за В.Д. директор на ЈП „Водовод“ Охрид, информираа од Општина Охрид.
Ристески е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во згаснување да создаде стабилна и успешна установа, стои во соопштението од Општина Охрид.
Претходно функцијата в.д. директор на Проаква од месец ноември ја извршуваше Сашо Сотироски, откако по локалните избори директорите на јавните претпријатија во градот поднесоа оставки на функциите.
OhridNews












