Аргентинскиот клуб Гимназија Ла Плата потврди дека легендата Диего Марадона веќе не е нивни тренер по само два месеца. Марадона реши да замине од клубот кога вети дека ќе се повлече ако сегашниот претседател на клубот, Габриел Пелегрино, не се кандидира за нов мандат.

  • Марадона веќе не е тренер на Гимназија. Резервниот тренер Маријано Месера ќе го води тимот против Арсенал Саранди. – изјави Пелегрино.

59-годишниот Марадона оваа година си замина од мексиканскиот второлигаш Дорадос кога во два плејофа не успеа да го внесе во првата лига. Во септември тој беше ангажиран како тренер на Гимназија и успеа малку да ја подобри неговата форма победувајќи во три од последните пет натпревари на чело на клубот. И покрај ова, Гимназија останува во зоната за испаѓање на Суперлигата со 24 клуба.

OhridNews