Новинарот на аргентинскиот магазин Gente, ја објави светската фудбалска
легенда  Диего Армандо Марадона дека во неделата навечер го удрил во
препоните.

Според пишувањето на весникот, фотографот Енрике Медина го пријавил
славниот фудбалер во полицијата, тврдејќи дека е нападнат пред куќата на
таткото на Марадона во неделата навечер. „Марадона се залета како да ќе
изведува слободен удар и силно ме удри во препоните“, изјавил Медина.

Легендата која има титула светски првак со аргентинската репрезентација
од 1986 година и порано имаше чести конфликти со новинарите. Така,
Марадона во 1994 година со пиштол му се закануваше на еден фотограф
поради што доби условна двегодишна затворска казна.

Претходно годинава
го сопрела својот автомобил на автопат и со камења го гаѓаше камерманот
кој го следел на патот до аеродромот до неговиот дом.

„Макфакс“