Аргентинската фудбалска ѕвезда Диего Марадона (51), кој се наоѓа на хуманитарно патување во Кина, изрази желба да биде тренер во таа држава, јавија локалните медиуми.

Поранешниот аргентински селектор неодамна беше сменет во Ал Весли, клуб од Обединетите Арапски Емирати, по што истакна дека е заинтересиран да работа на Далечниот исток.

„Би сакал да бидам тренер во Кина“.Би сакал да придонесам за развој на фудбалот во оваа држава рече“, Марадона.

За време на посетата на Кина, Марадона ќе се сретне и со претседателот на кинескиот фудбалски сојуз, а кинеските медиуми шпекулираат дека на Марадона би можела да му биде понудена секторската функција.