Најголемата спортска манифестација во Македонија “Охридскиот пливачки Маратон“ кој годинава ќе го има своето 23 издание, ќе биде барем 20 % со послаб квалитет од минатогодишниот. Причините за тоа не се од светската економска криза туку светското првенство во пливање кое од 17 jули до 2 aвгуст ќе се одржи во Рим, Италија. ПФМ ја пропушти можноста да бара поместување на терминот барем за една недела порано.
– Очекувам квалитетот на маратонот да опадне, а причината е тоа што на 17 jули започнува СП во Рим. На 19 – ти се плива трката на 5 км, а на 21 трка на 10 км. По откажувањето на маратонот во Шабац требаше да се побара нивниот тајмниг но што е тука е – вели Кочо Паскали од ПК Охридски Бранови“ кој е технички организатор на трката.
Втора година по ред на маратонот ќе плива и охриѓанецот Мариан Мирчески, листата на странски пливачи ја предводи седумкратниот победник Петар Стојчев, а досега на адреса на ПФМ пријавени се уште 9 пливачи од надвор. Македонските пливачи се очекува да ги предводи Томи Стефаноски кој минатата година како четврто пласиран стигна на целата.
Наградниот фонд на 23 пливачки маратон ќе изнесува 25.000 долари ,а традиционално ќе се плива на 30 км долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до пристаништето во Охрид.
Дукла Прага е силен противник, двократен европски првак и екипа која се бори за титула во националното првенство Затоа е потребно максимално залагање и фокус во текот на целиот натпревар и силна по...
Прес конференција на тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ и средниот бек Тилен Стрмљан, пред натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага, што ќе се одигра утре вечер (сабота), во салата “...
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.