АТП рејтинг листата има нов лидер во името на Енди Мареј кој без игра се пласираше во финалето на мастерс турнирот во Париз.
Еден час пред почетокот на полуфиналниот меч со Милош Раониќ, Канаѓанецот се откажа поради повреда и го лансираше Мареј на кровот од светскиот тенис.
Мареј без разлика на исходот во финалето од дуелот со Иснер кој го совлада Чилиќ во два сетови ќе го помине Новак Ѓоковиќ кој повеќе од две години го чуваше првото место.
Британскиот тенисер врвот на АТП листата го запоседна по победите на неколкуте мастерс турнири и Олимписките игри во Рио.
Финалето на мастерс турнирот во Париз се игра в недела со почеток од 15 часот.
OhridNews