Британскиот тенисер Енди Мареј поради повреда ќе го пропушти Ролан Гарос, кој е прв гренд слем турнир во новата сезона.


Мареј се повреди на мастерс турнирот во Рим и тоа во второто коло. Тој уште тогаш најави дека опоравувањето за првиот гренд слем турнир ќе биде невозможна мисија.

Во досегашната тениска кариера Мареј има освоено еден гренд слем турнир во 2012 година УС Опен против Новак Ѓоковиќ во финалето.

Мх.П.