Членките на МАРИ иницијативата за справување со проблемот на миграции, деновиве во Охрид учествуваат на регионалниот форум што го организира Македонија која годинава претседава со иницијативата. Во иницијативата членуваат шест држави од регионот кои два пати годишно на политичко ниво одржуваат состаноци на кои се разгледува регионалната сорабатка за прашања од областа на миграцијата.


Тодор Стојановски – МАРИ

Регионот на Западен Балкан е зафатен од миграциски процеси, а токму нелегалната миграција е еден од важните критериуми за либерализирање на визниот режим, вели Трпе Стојановски-директор на МАРИ иницијативата.

– Визната либерализација е една од најтешките завеси со кои се соочуваат младите од регионот и дека тоа е режим кој што треба што побрзо да попушти. Тоа сепак зависи од исполнувањето на стандардите на кои инсистираат земјите членки на ЕУ, додава Стојановски. Тој напомена дека Македонија има висока оценка за спроведените реформи од кои зависи визната либерализација.


Зоран Петров

Земјите од Западен Балкан се доведени во ситуација да  соработуваат, со цел да се намали нелегалната миграција и криминалот кои се главни пречки за визна либерализација, смета заменик министерот за надворешни работи на Македонија, Зоран Петров. Тој е оптимист дека Македнија со спроведените реформи наскоро ќе добие визна либерализација. Наскоро во Македонија ќе допатува експертски тим на Европската комисија, кој се очекува до крајот на годинава да предложи датум за укинување на визите