Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ќе се врати меѓу фудбалерите на Марибор откако клубот му ја укина суспензијата.


На официјална пресконференција спортскиот директор во Марибор, Златко Заховиќ ја прифати вината во караницата со Ибраими по СМС пораки.

– Во случајот на Агим Ибраими, сакаме да објавиме дека е донесена одлука македонскиот репрезентативец повеќе не е суспендиран. Двете страни почнаа да разговараат за ситуацијата и недоразбирањата се надминати, по што суспензијта е укината. Во следните денови целосно ќе биде разрешена ситуацијата околу овој случај. – стои во соопштението од Марибор.

Клубот ќе спроведе дисциплинска постапка против Ибраими кој ги предаде приватните СМС пораки на медиумите.

OhridNews