Општина Марибор е подготвена да ја обезбеди жичарницата од месноста Корита до врвот на Галичица и да помогне во изготвувањето проекти со кои општина Охрид ќе користи средства од претпристапните фондови на Европската унија. Ова било договорено на средбата на градоначалнкот Александар Петрески со градоначалникот на словенечкиот град марибор, Франц Канглер.
На средбата станало збор и за други видови соработка во областа на зимскиот туризам и размена на искуства на двете општини.
Градоначалниците Петрески и Канглер договориле екипа на Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид една недела да престојува во Марибор, а потоа нивна екипа да дојде во Охрид каде ќе бидат изработени неколку проекти со кои ќе се конкурира пред фондовите на ЕУ.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com