Охридскиот судија Марјан Маркоски ќе ја дели правдата во дербито во 1/8 финалето во Купот на Македонија помеѓу Работнички и Шкендија.
Асистенти на Маркоски на дуелот кој ќе се одигра в среда со почеток во 15 часот и 30 минути на стадионот во Ѓорче Петров ќе бидат Горан Милошевски од Скопје и тетовчанецот Дарко Стојчевски.
Помеѓу двојките во 1/8 финале интересни натпревари ќе бидат Силекс – Академија Пандев и дуелот помеѓу Ренова и амбицизниот второлигаш Струга Трим Лум.
Двојки 1/8 финале:
Силекс – Академија Пандев
Работнички – Шкендија
Скопје – Еуромилк
Пелистер – Борец
Кожув – Тетекс
Брегалница – Победа
Ренова – Струга Трим Лум
Вардар – Шкупи (одложена)
OhridNews