Марк Селби е нов светскиот првак во снукер. Селби до четвртата титула од светските првенства стигна после победата (18-15) против Шон Марфи, во финалето кое се одигра во преполната арена Крусбил.

Двајцата играчи одиграа фантастичен натпревар во финалето, понудувајќи го најдоброто од себе.

Марфи поведе на стартот со два освоени фрејмој, а предноста ја чуваше до 14-от кога Селби со мини серија успеа да изедначи и преземе контролата во мечот. Селби ја зголеми предноста на 17-13, што го одведе на еден фрејм до титула. Марфи и покрај негативата не се предаде се доближи до 17-16, но Селби навреме со консолидираше и освои уште фрејм, кој му донесе титула.

OhridNews