Ракометниот клуб Вардар своите редови ги засили со екстра ракометар откако постигна договор за соработка со српскиот интернационалец, Марко Вујин.

Вујин кој дејствува на десната бековска позиција треба да биде носител на играта на „црвено црните“ бидејќи се работи за квалитетен и пред се искусен ракометар. Србинот со Вардар потпиша едногодишна соработка.

Марко Вујин е наш нов играч. Очекуваме многу од него, мислам дека може многу да помогне со неговото знаење, квалитет и искуство. Но, иако е познато име, ќе треба да се врати во препознатлива форма. Сега се зависи од него. Очекуваме повеќе отколку што минатата сезона пружи во Португалија. – изјави тренерот на Вардар, Стефче Алушовски.

Искусниот ракометар минутажата на десната бековска позиција во Вардар ќе  ја дели со Векиќ и Јагуриновски.

OhridNews