Покрај исполнувањето на сонот Маркоски не застанува, туку ова ќе биде дополнителен мотив за макотрпна работа и во иднина.
– Настапот за македонската селекција на мечот со Полска во Анталија ќе биде награда за сработеното до сега. Не планирам да застанам тука и да се задоволам само со еден настап за македонската репрезентација – рече Маркоски.
Фудбалерот за врска, Маркоски првите чекори ги направи во Охрид, ги помина сите категории во охридскиот фудбалски состав. Потоа на барање на тренерот на Напредок, охриѓанецот Драган Бочески потпиша за кичевчани и не погреши.
– Сезонава играме одлично во Првата македонска фудбалска лига, 4-то место на табелата и повикот на уште тројца фудбалери од Напредок за пријателскиот натпревар со Полска говорат за нашите квалитети. Ако продолжиме со ваков стил на игра во пролетниот дел Напредок го гледам во горниот дел од табелата и во борба за местата кои водат во Европа- заврши Маркоски.