
Кичевскиот прволигаш Напредок западна во финансиска криза и поголем дел од играчите веќе го напуштија клубот. До името на Маркоски стигнаа неколку понуди, а тој ќе ја одбере најдобрата каде да ја продолжи кариерата.
– Имам неколку понуди околу мојата иднина. Деновиве треба да одлучам која ќе ја прифатам и каде ќе ја продолжам кариерата – потенцираше фудбалерот за врска.
Мх.П.










