Продолжува ротацијата на охридската клупа. Охрид кој по првото коло беше прв на табелата а по осмото на последното, го елиминираше Турново па се откажа од купот, за нов кормилар го назначи некогашниот репрезентативец Гоце Маркоски.
Маркоски ќе има тешка задача да ја крене екипата на Охрид која ја има најслабата одбрана (19 примени гола) и најслабиот напад (6 гола) и е без победа во последните седум кола.
– Имав разговори со претседателот Малезанов и со претставниците на словенечката компанија која ќе инвестира во Охрид и добив уверувања дека работите ќе се средат. Јас сум човек кој прифаќа предизвици, а Охрид сам по себе е доволен предизвик за мене – ни рече Маркоски кој вчера го одржа првиот тренинг со екипата.
Маркоски втор пат ќе седне на клупата на Охрид. Првиот пат пред 4 сезони, кога Охрид играше во Третата лига тој беше тренер-играч во охридскиот тим. Тогаш со Маркоски на клупата Охрид успеа да се влезе во второлигашкото друштво но потоа тој го напушти клубот.
помошниците на Маркоски, Ристески Милчо и Цветкоски Миле
Маркоски, по Блажески и Љамчевски ќе биде третиот тренер кој годинава седнува на клупата на охридскиот вторлигаш.
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Пред се мислам дека екипата на Дукла Прага е една сериозна екипа која игра во Чешкото првенство и се бори за титула Мислам дека нема да ни биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме пред се ш...
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.