– Покрај бројните понуди кои стигнаа на моја адреса, јас се одлучив да останам во Напредок и до крај да го одработам мојот договор. После завршувањето на сезоната, јас сум слободен фудбалер па ќе видиме што ќе се случи – истакна Ристе Марковски.
Маркоски во Охрид заедно со екипата на Напредок се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната. Избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески првата етапа ја миниаа на четвртата позиција на табелата.
– Имавме добра полусезона во Првата македонска фудбалска лига, се надевам дека така ќе продолжиме до крај и да обезбедиме пласман во фудбалска Европа – посочи Маркоски.
Добрите игри на Маркоски во дресот на Напредок не останаа незабележани од селекторот на А селекцијата, Чедомир Јаневски кој го повика за пријателскиот натпревар со Полска одигран неодамна во Анталија.