Победнички старт за охридските бели , во трката за опстанок во второлигашката конкуренција. “Рибарите“ до третата победа во овогодинешниот шампионат, втора над Цементарците стигнаа со погодоците на Атај во првиот И Клечкароски И Никодиноски во вториот дел. Победата на Цементарница добива на значење ако се знае дека е совладан директниот конкурент во борбата за избегнување на местата кои водат во понизок ранг.Во наредното 15 коло, Охрид гостува кај Брегалница во Штип. Во есенскиот дел од шампионатот Охрид на “Билјанини Извори“ претрпе убедлив пораз од 3-0.











