Фудбалерот за врска Ристе Маркоски го продолжи договорот со кичевски Напредок и следната сезона ќе го носи „сино белиот“ дрес.


Заминувањето на долгогодишниот тренер на кичевачани Драган Бочески не влијаеше на одлуката од Маркоски за промена на клубот. Наспроти тој веднаш стави потпис на новиот договор.

Од кичевскиот прволигаш заминаа голманот Пашовски, дефанзивецот Балажи, а претходно управата им се заблагодари на Костенцоски, Дробаров и Најдоски.

Мх.П.