Фудбалерот за врска, Ристе Маркоски (27 години) кариерата ќе ја продолжи во екипата на Брегалница.

Сезонава Маркоски во дресот на Напредок одигра 18-ет натпревари, а постигна два погодоци.
Новата станица на охриѓанецот Брегалница се наоѓа во опасната зона на табелата, но со големи амбиции во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.
Мх.П.










