Офанзивниот играч за врска Ристе Маркоски се враќа во тимот на драган Бочески за гостувањето кај лидерот Ренова. Маркоски поради суспензија го пропушти мечот со Силекс, а ќе биде комплетно подготвен за тешкото гостување во Тетово.

Кичевци очекуваат продолжување на победничката серија која траее во последните три рунди, благодарение на таа низа “ѓаолите“ се најдоа на третото место на табелата.

Вечното дерби се игра во оваа рунда. Пелистер и Вардар се наоѓаат на дното на табелата и како моментално стојат работите и двете екипи в година ќе се преселат во понизок ранг.

Двојки:
Пелистер – Вардар
Гл. судија Темелков Зоран -Кавадарци
Турново – Скопје
Гл. судија Спиркоски Горан – Прилеп
Ренова – Напредок
Гл. судија Ѓорѓевски Далибор – Куманово
Силекс – Шкендија
Гл. судија Ставрев Александар – Скопје
Металург – Тетекс
Гл. судија Крстевски Љубомир – Битола
Работнички – Брегалница
Гл. судија Мечкароски Димитар – Скопје

Ohridnews