Дома непобедливи, на гости ранливи, така игра кичевскиот прволигаш Напредок кој попладнево на домашен терен го пречекува битолски Пелистер.

Трите бода се единствена опција за нас. Очекувам продолжување на низата победи на домашен терен – вели охриѓанецот Маркоски кој ќе го предводи нападот на мечот со “чкембарите“.

Битолчани кои минуваат низ доста тежок период, со само пет освоени бода се наоѓаат не деветото место на табелата, го имаат најслабиот напад во лигата со само три постигнати гола.

Натпреварот Напредок – Пелистер ќе го води интернационалецот Александар Ставрев.

Двојки Прва МФЛ 9 коло.
Напредок – Пелистер
Шкендија – Скопје
Гл. судија Стојанов Стојанче (Штип)
Тетекс – Вардар
Гл. судија Бошков Зоран (Неготино)
Брегалница – Турново
Гл. судија Мечкароски Димитар (Скопје)
Работнички – Ренова
Гл. судија Петар Мантев (Неготино)
Металург – Силекс
Гл. судија Шулески Стефчо (Охрид)

OhridNews