Долгогодишниот претседател на хрватскиот фудбалски сојуз, Влатко Марковиќ поднесе оставка на позцијата која ја извршуваше во изминатите 14 години.



– Ве известувам дека се повлекувам
од местото претседател на ХНС по завршувањето на ЕВРО 2012 година. За да
се запази процедурата седницата на Собранието ја закажав на 5 јули
– се
вели во оставката која во име на Марковиќ, во јавноста ја пласираше
неговиот најблизок соработник Зорислав Сребриќ.

Како наследник на популарниот “Presidente” се споменува името на поранешниот хрватски репрезентативец Давор Шукер.

Му благодарам на Марковиќ и на останатите сојузи. Се` протекна во
најдобар ред. Првата недела во јули ќе имаме собрание по кое се надевам
дека ќе ја продолжиме успешната работа. Верувам дека ќе останеме меѓу
најдобрите десет во светот
– рече Шукер, кој во друштво на претседателот
на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ пристувуваше на работниот состанок.

Ohridnews