Поранешниот фудбалер на Охрид, и неколку македонски прволигаши Никола Маркоски е прогласен за најдобар стрелец во грчката четврта лига.

Битолчанецот кој настапува за тимот на А.Ц Македоникос на 26 одиграни натпревари постигна 21 гол.

– Една и пол година играм за аматерскиот тим на Арис од Солун кој се вика АЦ Македоникос. Годинава завршивме на 3 тото место и за два бода не успеавне да се избориме за бараж. Оваа титула најдобар стрелец во лигата сакам да ја посветам и да му се заблагодарам на мојот тим А.Ц.Македоникос – вели Маркоски.

Ohridnews