Српскиот пивотмен Мијајло Марсениќ го потврди заминувањето од Ракометниот клуб Вардар позирајќи со дрес од Фуксе Берлин кој клуб ќе му биде следна дестинација.
Корпулетниот ракометар со популарните „лисици“ потпиша тригодишен договор и ќе ги засили по завршувањето на оваа сезона.
Марсениќ во Вардар се пресели од Партизан 2015 година, а претходно српскиот репрезентативец една сезона ги бранеше боите на Металург.
24-годишниот ракометар активно учествуваше во успесите со историски карактер на Вардар при освојувањето на титулите во Лигата на Шампиони, СЕХА лигата, Супер лигата и Купот на Македонија.
Заминувањето на Марсениќ нема да биде единствено од тимот на Вардар. Своето заминување во ПСЖ го официјализираше тренерот Раул Гонзалес.
OhridNews