Во организација на Советот на месната заедница од село Куратица, во четврток на 13 септември, во склоп на одбележувањето на 109 годишнината од битката кај Рашанец за време на Илинденското востание, ќе биде изведен марш до гробот на војводата Аргир Маринчев.

Маринчев, еден од најистакнатите борци во текот на крвавите борби кај Рашанец  и Грмешница за жителите од овој крај представува најголем симбол за храброст и верност на македонските идеали од Илинденското Востание. 

Поаѓањето до вечното пребивалиште на војводата е предвидено да започне од  средсело во 8 часот наутро, а патеката е со должина од 4 км преку месноста Црнец и Ќуле.

Планирани се активности за уредување на теренот, со положување на цвеќе на гробот на Маринчев.

OhridNews