
Во рамки на кампањата на Градскиот плоштад во Скопје ќе се одржи марш на кој децата ќе носат транспаренти на кои ќе бидат испишани пораки за правото на сите деца на образование и писменост. Тие мирно ќе маршираат во знак на солидарност со сите деца на светот кои не одат на училиште и кои не знаат да читаат и пишуваат.
Во светот денеска има 774 милиони возрасни и 75 милиони деца кои не знаат да читаат и пишуваат. Во Македонија има над 18.500 деца кои не одат на училиште, од кои 2000 деца се на улица.












